Don't Miss
Home / Вести / Почна реконструкцијата на спортските игралишта кај ОУ „Елпида Караманди“

Почна реконструкцијата на спортските игралишта кај ОУ „Елпида Караманди“

Денеска почна реконструкција на спортските игралишта во Основното училиште „Елпида Караманди“. Проектот вклучува реконструкција на фудбалско игралиште на површина од 1484 м², игралиште за кошарка на површина од 151 м², за одбојка на 262 м², фитнес зона на 220 м² и патека за трчање на површина од 306 м². За оваа инвестиција насочена кон создавање подобри услови за спортување и физички активности на најмладите, Општина Битола од својот буџет издвојува 22.373.885 денари.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека на сите локации каде што е започната реализацијата на проектите, градежните активности нема да се изведуваат само за празничните денови и потенцираше дека од изведувачите очекува завршување на проектите согласно динамиката предвидена во склучените договори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*