Денеска почна реконструкцијата на ул. „Рузвелтова“ во строгиот центар на Битола.
Реконструкцијата на ул. „Рузвелтова“ опфаќа промена на канализационата мрежа, на која ќе работат екипите на КЈП „Нискоградба“, промена на водоводните приклучоци од страна на екипите на ЈКП „Водовод“, како и приватни субјекти за коловоз и улично освсетлување.
Паралелно со реконструктивните зафати и новото улично осветлување, ќе се врши замена на надземните водови со подземни инсталации.
Вредноста на овој проект изнесува околу 6.000.000 денари.