Вечерва во Битола, се крева завесата на 26. издание на интернационалниот фестивал на класична музика, “ИНТЕРФЕСТ 2017“. Со целовечерен концерт, Фестивалот ќе го отвори камерниот опркестар “Свети Ѓорге“ од Белград, кој годинава одбележува дваесети петгодишен јубилеј, а солист е македонскиот виолинист Костадин Богданоски.
Ние се потрудивме да добиеме најдобри уметници, лауреати на светски конкурси, а тоа е она што битолската публика го заслужува- рече Милица Шперовиќ, уметнички директор на фестивалот.- Ова е огромно задоволство за мене за прв пат да учествувам на овој фестивал, уште повеќе, со ваков реномиран оркестар како што е “Свети Ѓорги“- рече виолинистот Костадин Богданоски.
Фестивалот како и досега, се соочува со недостиг на финансиски средства.
Финансиски проблеми како и секоја година. Тоа се тие средства, 26 години истите средства од Министерството за култура кои ги добиваме. Инаку, немаме спонзори и многу е тешко до нив да се дојде во ова време- рече директорот на фестивалот Кирил Рибарски.
Битолчани во наредните единаесет дена ќе имаат вистински празник на класичната музика со врвни репродуктивни уметници и солисти од десет држави. И годинава, традиционално, ќе биде одржан пијано натпревар, а фестивалската завесата ќе биде спуштена со бетовенова вечер на врвниот француски пијанист Пјер- Лоран Бушарла.