Don't Miss
Home / Вести / Поднесени 2.677 барања за надомест на штетите од земјотресот

Поднесени 2.677 барања за надомест на штетите од земјотресот

         

По  серијата земјотреси кои ја погодија Битола во минатиот месец,  битолчани поднесоа 2.677  барања за надомест на штетите кои ги претрпеа.

Ова го соопшти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на  седницата  на Советот.              

-Во врска со состојбата предизвикана од серијата земјотреси кои беа почувствувани во Битола,  сакам да ја  информирам јавноста дека  на објавениот повик од страна на Општината, примени се 2.677 барања за надомест на штети.

За да се утврдат  штетите кои ги претрпеа нашите сограѓани формирани се комисии кои ќе ги разгледуваат барањата во следниот период и се надевам дека многу брзо ќе успееме да постапиме по барањата кои ги исполнуваат условите за надомест на штета, изјави градоначалникот Тони Коњановски, кој притоа додаде дека во врска со постапката за проценка на штетите, минатата недела на состанокот со претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија,  договорено  е во текот на оваа недела, стручните лица од ИЗИИС да им одржат обука на членовите на комисиите кои ќе вршат проценка на штетите, во врска со што истите треба да се обучени согласно Законот за заштита и спасување, рече Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*