Секогаш иновативните членови на независната листа Поинаку организраа поинаков начин на дружење со своите поддржувачи.


Тие на култното Тумбе кафе остварија заедничко дружење со битолчани од 7-77 годишна возраст. Тие потсетије нљ годините кога на ова култно место битолчани пиеја кафе со локум и се дружеа со песна и игри.

-Ние го искористивме релаксирачкиот момент и мирот кој го нуди ова место, засладено со турско кафе и локум да се потсетиме на едни убави времиња, кога во Битола навистина се живееше и функционираше оваа култна меана од времето на Керим Паша па се до 1987/88 година.

Оваа скромна акција, дружба и иницијатива се надеваме дека ќе допре до надлежните институции кои ќе се сетат дека во Битола има многу оставени и руинирани објекти кои се со огромно значење за битолчани и потенцијалните туристи кои го посетуваат нашиот град, велат од Поинаку.