Честа да го отворат годинашното 8- мо по ред издание на “ Битола Шекспир фестивал “ им припадна на Драмскиот театар “Александар Вегиерко”, – Бјалисток од Полска со претставата “Макбет”
Според режисерот Грегор Суски изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот.
Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток.
Тоа се луѓето околу кои се одвива дејството: Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го прават да сфати дека само ова е во него, што го нема …вели режисерот Суски.
Свеченото отворање на фестивалот е петок, на 25 јуни во 20 часот во Народнит театар – Битола
Висината на цената на влезниците за сите претстави на фестивалот е само 150 денари.