Во настојувањето да се спречи трговијата со дрога, битолската полиција вчера на ул.„Кочо Рацин” во Битола, лиши од слобода тројца дилери на дрога.
Меѓу уапсените се Е.А.(18), К.У.(20) и еден малолетник, сите од Битола.
Кај сите тројца биле пронајдени и одземени четири ќеси со марихуана, две дигитални ваги и други предмети.
Тројцата дилери на дрога биле задржани во полициската станица во СВР Битола и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.