Don't Miss
Home / Вести / Полициски час од 22 до 05 часот за одредени општини?

Полициски час од 22 до 05 часот за одредени општини?

Полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро и тоа само за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со Ковид-19. Ваков предлог ќе достави Комисијата за заразни болести до Владата, додека за останатиот дел од државата ќе нема дополнителни рестриктивни мерки.

Денешниот биланс на новозаболени со Ковид-19, според неофицијални податоци, нема многу да се разликува од изминатата недела. Предлогот за враќање на мерката „полициски час“ во неколкуте градови и општини е за повторно ограничување на движењето на дел од популацијата, особено помладите кои во претходниот период неконтролирано се собираа по јавни места, како паркови и на Водно.

Заклучно со вчерашниот ден во Македонија имаше 1.226 активни случаи од кои повеќе од пола (658) беа во Скопје. Општини со трицифрен број на активни случаи, според официјалните податови на Министерството за здравство, се и Чаир (152), Куманово (140), Штип (136), Тетово (119).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*