Don't Miss
Home / Uncategorized / Помош на Битола за збратимениот град Кременчук во Украина`

Помош на Битола за збратимениот град Кременчук во Украина`

Општина Битола и Општинската организација на Црвен крст Битола, од вчера ја спроведуваат хуманитарната  акција за помош на жителите од збратимениот град Кременчук во Украина.

Во денешната акција се вклучија и градоначалникот на Битола,  Тони Коњановски, советници од Советот на општина Битола и директори на јавните претпријатија од градот, кои со својата хуманост, даваат придонес за полесно надминување на состојбите со кои се соочуваат жителите на Кременчук, како последица на воениот конфликт во Украина.

На местата за собирање донации се донираше конзервирана и друг вид храна со подолг рок на траење, храна погодна за транспорт и чување, како и средства за хигиена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*