Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски в понеделник во 13 часот ќе одржат тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, откако вечерва Заев ја прифати понудата на Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вечерва го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…