Don't Miss
Home / Вести / Поплавите во Битола предизвикаа големи штети

Поплавите во Битола предизвикаа големи штети

            Порјните дождови кои попладнево ја зафатија Битола предизвикаа големи штети во одделни делови на градот.

Најмногу штети се пријавени на  локациите на улицата Караорман број 104  каде падна гром,, поплавени визбени простории на улицата Ѓорче Петров, на броевите 21 и 39, поплавени куќи на Дебарска бр 99, Струшка бр. 33, Димитар Мите Богоевски бр.6, одрон на патниот правец А3 (кај тунелот), како и паднати дрвја на патниот правец Беранци – Вашерејца – општина Могила.

По поројните дождови на барање на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски,  доцна попладнево се одржа итен состанок на штабот за заштита и спасување. На состанокот присуствуваа претставници од општинската администрација, директорите на јавните претпријатија, Претседателката на Советот на општина Битола, координаторите на советничките групи при општинскиот совет, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, СВР Битола, ТППЕ Битола и ОО Црвен крст Битола.

Граѓаните кои имаат штети, истите може да ги пријавуваат на телефонскиот број 112 на Центарот за управување со кризи, а Комисијата за проценка на штети, дополнително ќе ја утврди состојбата.

На денешниот состанок, беше договорено и општинската администрација да ги контактира претседателите на урбаните и месните заедници, како би можело да се добијат точни податоци за нанесени штети во сите делови на општината и соодветно на тоа, доколку е потребно да се преземат дополнителни мерки.

Фото: Општина Битола

Текст. М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*