Во рамките на имплементацијата на проектот од програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција „Жива историја, жива природа 2” реализирана е една од многу активности за поставување на 5 сета маса и клупи на однапред определени природно историски точки на територијата на општина Новаци.
-Поставени се пет сета маса со две клупи од кои два сета на Церова Полјана и 3 сета кај Лаките во рамките на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2”. На оваа месност претходно е направено и деминирање на теренот од неексплодирани убојни средства останати од Прва светска војна и поставена е и табла дека теренот е безбеден за движење- изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Од општина Новаци велат дека за скоро време ќе се постават и туристички инфо табли и патокази за промоција на природните, културните и историските убавини со кои изобилува општина Новаци.
Б.В.