Don't Miss
Home / Uncategorized / Потпис на Договорот во Македонска Преспа

Потпис на Договорот во Македонска Преспа

Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа, но на територијата на БЈРМ, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Најверојатно денот на потпишување ќе биде недела – 17 јуни. Како што е познато договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Сведок ќе биде медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Како што најавуваа дел од медиумите, на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Атонио Гутереш, и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

„Катимерини“ пишува дека во Преспа ќе биде присутен и првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*