Потпишан Меморaндум за културна соработка помеѓу Културниот информативен центар – Битола и Културно информативен центар – Подгорица
Во свечената сала на Офицерски дом во Битола, денеска свечено беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Културно и информативен центар – Битола и културно – информативниот центар во Подгорица, Црна Гора.
Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот беше потпишан од директорките на актуелните институции Лили Бошевска и Снежана Бурзан.
На средбата присуствуваа н.е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора во Битола,Милорад Андријашевиќ , како и претседателката на Советот на општината Битола г-ѓа Габриела Илиевска и заменик градоначалник г-дин Бојан Бојкоски.