Don't Miss
Home / Македонија / Потпорен ѕид за поголема безбедност на жителите од Козле

Потпорен ѕид за поголема безбедност на жителите од Козле

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска направи увид во градежните работи за поставување на потпорен ѕид и пробивање на крак од улицата Ловќенска во населбата Козле. Потпорниот ѕид во должина од 45 метри кој се наоѓа во завршна фаза на изработка, треба да го реши 65 годишниот проблем со надојдените атмосферски води и свлечишта, со кој се соочуваат жителите од овој реон. Новопроектираната улица во должина од 70 метри, треба да им овозможи директен пристап на граѓаните до своите домови, нешто што досега не им беше овозможено.

Со предходните урбанистички планови практично на неколку куќи им е оневозможен пристапот и луѓето не можат со возило да влезат во своите сопствени парцели. Затоа ние мораме да ја оствариме нашата законска обврска, односно до секоја куќа да овозможиме влез за возило до сопствена парцела. Од безбедносна причина пак, ги градиме овие потпорни ѕидови кои одат длабоко, дури до шест метри во земја. Целокупната инвестиција заедно со поставување на потпорниот ѕид и асфалтирањето на улицата ја чини општината над 4 милиони денари. Се работи за многу тежок терен со голема стрмнина и голема опасност врз куќите кои се наоѓаат во овој дел од општината – истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Првиот човек на локалната самоуправа, Јакимовски,  посочи дека за реализација на овој проект, првенствено  Општина Карпош морала да донесе нов корегиран детален урбанистички план, според кој ќе може да вцрта нов пристапен влез во корист на жителите од оваа локација.

Решаваме проблем само на неколку куќи, но за нас, без разлика дали е една или повеќе, важно е дека не смееме да оставаме луѓе со проблеми за да не можат да си влезат во сопствената парцела и тоа да биде предмет на постојана распаравија со соседите. Сметам, дека на овој начин ги корегиравме недостатоците од стариот урбанистички план и пред сé, го решивме горливиот проблем со кој нашите сограѓани се соочуваат дури од далечната 1965 година – додаде Јакимовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*