Don't Miss
Home / Вести / Повик за семакедонско помирување

Повик за семакедонско помирување

        Итно раскинување на договорот Заев – Борисов  од 1 август 2017 и спогодбата Димитров – Коцијас од 17 јуни 2017 год. како и  Семакедонско помирување и обединивање,   и   безусловно распуштање на меѓувладината македонско -бугарска и македонско- грчка комисија за ревизија на македонската историја, побара  претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров  во Трново на 51 традицонална Семакедонска Илинденска средба, на која присуствуваа  голем број граѓани и иселеници од Европските и прекуокеанските земји.

-Европската унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, рече во своето обраќање  Тодор  Петров.  Тој  го повтори барањето  за  историско помирување на македонскиот народ со сите соседни народи и  потпишување на договори за траен мир и добрососдство помеѓу Макеоднија со соседните држави врз почитување на основниот  принцип на суверено право  на суверена еднаквост взаемно разбирање  и почитување.

Петров испрати порака светот и Европа да да го почитуваат универзалното,  неотуѓиво и неприкосновено право  на самоопределување и самоединтификација на  македонскиот народ за сопствена држава  Македонија, како единствено решение на македонското прашање.

На 51 традиционална Семакедонската Илинденска средба се обрати и претседаелот на МАНУ,  акадмеикот Љупчо Коцарев

-Радоста, гордоста и спокојот што ги носам во себе денеска  тука во Трново, по овој настан  произлегуваат од мојата увереност дури и сигурност дека   македонската држава,  идентитет,  јазикот, културата и уметноста ќе опстојат на овие простори и во вековите кои доаѓаат затоа што тие длабоко се врежани во историјата и срцата на секој од нас,  истакна д-р проф.Љупчо Коцарев.

Поздравувајќи ги во името на Матицата на иселениците присутните на Семакедонската Илинденска средба претседателот Иван Џо Петровски истакна дека Илинден  е дело на македонскиот народ, а  круна на Илинден е АСНОМ 1944.

– Илинденското востание и антифашистичката војна се порака на мртвите и жртвите од минатото за слободата и иднината на Македонија, за иднината на македонскиот народ и Македонија. Јазикот е народот, зашто без македонски јазик нема ниту македонски народ, потенцира Иван Џо Петровски, кој  ја отфрли  идејата за заедничко  македонско -бугарско  славење на Илинден, рече Иван Џо Петровски.

По официјалниот дел се одржа општонародна веселба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*