Don't Miss
Home / Колумни / Повикуваат на обединување, работаат за разејдинување

Повикуваат на обединување, работаат за разејдинување

               

        На 2 август, кога Македонија го одбележа својот најголем празник Илинден и  120 години од  Илинденското востание, од спомен обележјата на Илинденската револуцинерна борба, беа испратени пораки за помирување и обединување.

        Такви пораки за Семакедонско помирување и обединување беа испратени од Мечкин Камен на Крушево, Пелинце, Калето, споменикот на Методија Андонов Ченто и Никола Карев во  центарот на Скопје,Трново, Ташамаруништа… практично од сите места каде што  се славеше  Првиот Илинден 1903 година.

               

– Драги наши сонародници, повикуваме на Семакедонско помирување и обединување. И покрај сите разлики помеѓу нас Македонците по род, по државјанство од сите делови на Македонија во светот, во татковината, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител. Само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички содржател.

Со Македонија не има, без Македонија сите заедно ќе не снема, рече претседателот на Светскиот  македонски конгрес, Тодор Петров на Семакедонската  средба во Трново,

       -Годинава кога  одбележуваме 120 години од Илинденското востание овој јубилеј го одбележуваме како историско сведоштво за вековната борба на македонскиот народ за слобода и за македонска држава.        Ние денешните генерации  Македонци го носиме аманетот за зачувување на името, јазикот културата и историјата на македонскиот народ. Затоа ги повикуваме власта и опозицијата да се обединат во одбрана  на националните и државните интереси на Македонија, реце Иван Џо Петровски од Трново.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце повика на сплотување и надминување на разликите оти ке ги губиме младите.
      -Со сегашното темпо на иселување постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема вракање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасен тренд и истиот тој не се забави со посветени политики и конкретна, во пракса реализирана стратегија за младите, нас не очекува многу полоша иднина од онаа што во моментов ја антиципираме,  истакна на Пелинце претседателот на државата Стево Пендаровски.

         Премиерот на Владата, Димитар Ковачевски од споменикот на Калето  нагласи дека одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944, но и цврстата верба, истрајноста и упорноста со кои е создадено огништето на нашата татковина, денес се нашиот патоказ кон иднината!

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од Мечкин Камен во Крушево порача дека европската идеја од пред 120 години од крушевскиот Манифест за слобода, обединување и просперитет е веке на дофат.
Затоа ова не се времиња за наивни надмудрувања што ке резултираат со крајно иреверзибилни последици од кои никој потоа нема да може да се извлече.
Според него, имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, а заедништвото нема цена.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по пвод празникот  исто така повика на обединување.

-Илинден за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност, ден за кој многу наши брака и сестри во минатото го положиле својот живот,  за да можеме ние денеска слободно да живееме во независна дрзава Македонија. И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. Само единствени ке дојдеме до посакуваната цел, истакна Мицкоски.

На 2 август, на одбележувањето на Првиот Илинден, иако во  речиси во сите празнични пораки на македонските политичари  упатени при одбележувањето на 120-годишнината од Илинденското востание провејуваше лајтмотивот за  единство, обединување и помирување, сепак како и во редица други прилики се покажа дека кога зборуваат за обединувањето македонските политичари  тоа го глаголат само  во пораките.

Само што ќе ги “изрецитираат “ однапред напишаните празнични говори, тие истиот момент се враќаат  во реалноста и ја користат првата  прилика да ги обвинат своите политчки противници за предавство, манипулации, лицемерија…

Истот момент по нивниот говор тие забораваат дека  Илинденското востание било изблик на сплотеност на македонскиот народ и сите други малцинства во копнежот за заедничка сопствена држава.   И наместо пораките за помирување и семакедонско обединување стигнат до народот, со чиј глас политичарите доаѓаат или си одат од власт, тие со потезите кои ги преземаат и натаму  го делат народот, на предавници и патриоти.

        Па затоа ни се случува тоа што ни  се случува на манифестциите за одбележување на историските датуми да нема народ, кој би требало да ги слушне пораките.Наместо на овие светли датуми политичарите да  го сплотат и обединат народот, тие повторно истиот го делат.

        Резултатот од таквите поделби  е таквите чевствувања да  бидат се, само не народни собири на кои  политичарите заедно со народот ќе им оддадат достојна почит на тие кои ги положија своите животи во темелите на оваа држава Македонија, туку партиски манифестации.

        Политичарите и натаму   остануваат доследни во својата недоследност.Едно да зборуваат, а сосема друго да прават.

        Оттаму се чини дека и годинашните пораки за помирување и обединување  беа обични флоскули, кои нема далеку да стигнат и истиот момент  ќе се изгубат во пораките и изјавите за меѓупартиско и политичко истребување.

        Притоа по кој знае кој пат забораваат дека без сплотеност и заедништво  Македонија никогаш нема да стигне на патот за Брисел, по кој уште со изгласувањето на независноста тргнаа.

        Во ЕУ не примаат партии, туку држави, а му се допаѓало тоа некому или Македонија е држава  една и единствена за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*