Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.
Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1592, активни 960
• Куманово 597, активни 179
• Дебар 53, активни 2
• Штип 227, активни 187
• Прилеп 222, активни 27
• Тетово 317, активни 147
• Струга 111, активни 36
• Велес 149, активни 29
• Битола 30, активни 3
• Охрид 46, активни 29
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 54, активни 31
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 7, активни 4
• Крива Паланка 7, активни 1
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 53, активни 22
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 5, активни 4
• Кичево 3, активни 1
• Ресен 1, активни 1
• Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а
вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29
пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ
„8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти.
На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11
пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера
• Чаир-209
• Бутел-76
• Аеродром-75
• Гази Баба-75
• Центар-73
• Карпош-72
• Сарај-64
• Кисела Вода-43
• Ѓорче Петров-35
• Шуто Оризари-26
• Студеничани-24
• Арачиново-24
• Илинден-19
• Петровец-6
• Чучер Сандево-4
• Сопиште-2
• Странец-2