По прекинот на градежните работи за изградба на детската градина во АРМ, која требаше да ја гради фирмата БВ инженеринг, прекинати се работите и на изградбата на детската градинка кај ОУ “ Климент Охридски “.
Според фотографиите кои ги снимивме денеска и според изјави на нашите соговорници кои живеат во непосредната околина од плацот каде што требаше да се гради градинката повлечени се градежните машини, отстранети се и другите помошни објекти, а си замина и стражарт кој се грижеше за безбедноста на градлиштето.
Така Битола, градот каде што е мошне долг списокот на децата кои чекаат ред да бидат сместени во градинките и натаму е без две детски градинки, кои беа најавени како најголеми инвестиции на претходната локалната смаоуправа, предводена од екс градоначалничката Наташа Петровска.
Градинката во АРМ требаше да се гради со средства на Општината Битола и “ Кромберг и Шуберт “ а кај ОУ “ Климент Охридкси инвеститор покрај општина Битола е и Министерстото за труд и социјала.
Кој ќе сноси одговорност за ваквиот неодговорен однос кон изградбата на градинките останува да се види. Но чудно е зошто од страна на локалната самоуправа никој не ја информира јавноста за стопирањето на работите на двете градинки.
Инаку градежната компанија БВ инженеринг која на тендерот за изградба на детска градинка во АРМ победи во конкуренција на 10 економски оператори нема пари за доизградба на градинката, деновиве ја почна изградбата на СМАРТ деловно станбен комплекс исто така во АРМ.
Што се однесува до изградбата на градинката во непосредна близина на ОУ“ Килмент Оридски “ таа се гради со средства на локалната самоуправа, а нејзината изградба почна пред локалните избори додека градоначалничка беше Наташа Петровска.
Новата детска градинка како дел од Јавната општинска установа детски градинки „Мајски цвет“ од Битола, требаше да биде со површина од 810 м2 и да згрижува околу 150 деца, организирани во неколку воспитни групи. Вредноста на градежните зафати за градинката се во висина од 56.650.000 денари.
Интересно е што дури три големи инвестиции на Наташа Петровска: базенот кај ОУ “ Даме Груев “, и двете детски градинки се во АРМ и кај ОУ “ КЛимент Охридски “ се стопирани и не се градат.
Кој ќе ја плати штетата од таквите неиздржани и импровизтаорски а некои велат и криминални полититики останува да покаже времето.
Некои велат дека инвестициитебеа давани на блиски фирмидо власта, кои беа повласетни и кои за да ги добијат тендерите и елиминираат конкурентите намерно нуделе ниски цени за потоа со анекси договори да ја постигнуваат нивната реална цена.