Don't Miss
Home / Колумни / Претседател(ка) на ничија држава

Претседател(ка) на ничија држава

               

        Кога на давањето на заклетвата во Собранието, новоизбраната претседателка на  Република (Северана) Македнија,  професорката по уставно право Гордана Силјановска – Давкова во  свечената изјава го прескокна зборот Северна и го изусти само зборот Македонија, таа  ги собра не само сите  аплаузи  туку и симпатии на нејзините гласачи и бирачи, како  и најголемиот број граѓани, кои сеуште не можат да се помират со губењето на  старото уставно име  на државата Република Македонија.

        И додека  сегашната опозиција и умерената домашна и меѓунардона јавност  секој на свој начин реагираа на таквата заклетва на Гордана Силјановска Давкова и се прашуваа како таа  во иднина ќе се однесува во  настапите на средбите со претставниците на  меѓународнта јавност, Гордана Силјановска Давкова преку ноќ го сврте листот и почна во јавноста да се легитимира  само како претседателката Гордана Силјановска Давкова.

        Таквиот начин на нејзиното претставување  во јавноста го промовираа  и луѓето од  нејзиниот Кабинет, па тие  во сите нејзини јавни  настапи или соопштенијата кои се пласираат од Вилата на Водно ја претставуваат во јавнста  само како претседателката Гордана Силјановска Давкова и како што често пати знае да каже лидерот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, без  никаква додавка и  придавка.

        Дека тоа ќе биде начин на  нејзино   однесување најдобра потврда е што на официјалната страница на претседателката стои само претседателка Гордана Сулјановска Давква. И што би рекол Цацко и толку.

        Нема ни Република Македонија, ни Република Северна Македонија.

        Откако го прифати таквиот начин на претставување во јавноста  сите информации, изјави или соопштенија се само претседателката Гордана Силјановска Давкова.

        Понатму не стои  ни збор чија претседателка е таа, ни на Република Македонија, ни на Република Северна Македонија.

         Па така (не)упатените постојано во последно време си го поставуваат прашањето  чија претседателка е професорката Гордана Силјановска Давкова и која земја таа ја претставува.

        Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска  Давкова велат дека  претседателката официјално ќе се придржува до уставното име, ама на јавните настапи има право да изговара Македонија.

– Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајки ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела.

И додека сегашниот начин на однесување на претседателката Гордана Силјановска Давкова наидува на општи симпатии  кај партијата на ВМРО ДПМНЕ која ја предложи за претседетлк(ка)  и кај нејзините  гласачи и поддржувачи, кај дел од меѓународната јавност веќе има остри реакции за игнорирањето на уставното име Република  Северна Македонија, под чие име  таа се потпишува секоја први во месецот, кога зема плата.

За начинот на легитимирање на претседателката Гордана Силјановска Давкова реакции има и кај коалционите партнери на ВМРО ДПМНЕ со        чиј гласови беше составена  Владата.

Во реакцијата на Коалицијата „Вреди” која е  партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека „не треба да се отвораат старите рани” и упатуваат совет на претседателката Гордана Слјановска Давкова.

– Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата. Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по уставно право. Северна Македонија е полноправен член на НАТО и со почнати преговори со ЕУ, но не  чекаат уставни измени за да продолжиме по европскиот пат. Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, е ставот на коалицијата на албански партии „Вреди”.

Слично како “Вреди “ размислува и партијата ЗНАМ, која е втор коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ.

Во ваква ситуација, лично како лаик по право, посебно по уставно прво, во кое претседателката Гордана Силјановска Давкова е без сомнение една од  најдобрите експерти во  Македонија, немам намера јас да ја учам  Гордана Силјановска Давкова како таа ќе се легитимира и претставува во државата или пред меѓунардоната и светска јавност.

Но во оваа прилика би сакал да нагласам дека како и на сите 2 милиони граѓани така и мене тешко ми  падна преименувањето на државата  од Република Македонија во Република Северна Македонија. Но сепак со  гнев и горчина во душата  и јас како и најголемиот број од нив прифатив во моите документи да стои Република Северна Македонија, како што стои сега и во  документите кои ги добија сите оние кои се колнеа и скандидаат “Никогаш Северна, само Македонија”

Искрен да бидам иако себеси не се замислувам  дека сум некој  Голем Македонец, сепак  повикувајки се на моите корени можам слободно да кажам дека ништо не сум помал Македонец од многу Големи Македонци, па и од претседателката Гордана Силјановска Давкова и најголемиот број нејзини поддржувачи.

Во оваа прилика не сакам воопшто да навлегувам ни во нејзините чувства.

Но таа мора да сфати дека од моментот кога  е избрана за претседателк(ка) на Република Северна Македонија, таа е претседателка на таа држава и дека не е само претседателката Гордана Силјановска Давкова.

 Со досегашниот начин на легитимирање во јавноста само како претседателката Гордана Силјановска Давкова таа себеси се претставува како претседателка на безимена држава, за каква што до неодамна за жал  не сметаа и многу европски политичари  кои кога ќе даваа изјави по посетата на Македонија, за да не и се замерат на Грција,  не го изговараа Уставното  име Република Македонја, туку не ословуваа со  оваа држава, вашата држава, државата…

Името и презимето на  претседателката Гордана Силјановска Давкова  во политиката, по нејзиниот избор не е ништо поголемо од името на државата Република (Северна) Македонија.Таа има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација.

Но таа не смее  себеси да се претставува како претседателка на безимена држава, како што  таа тоа сега го прави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*