Претседателката на Советот на Битола, Габриела Илиевска нестатутарно и надвор од Деловникот ја прекинала 26 седница на Советот на Битола.
Ова го констатира Државниот инспекторат по вонредниот инспекциски надзор кој го направи на барање на претседателката на Советот, Габриела Илиевска.
Имено според наодите на Инспекторатот по отворањето на расправа по точка 5 од дневниот ред, се дискутирало за истата и членовите на Советот од страна на СДСМ ја напуштија седницата на Советот. По настанатата ситуација, претседателката на Советот Габриела Илиевска дала пауза од 5 минути и побарала координација во 14 часот и 30 минути. По одржувањето на координацијата со координаторите на советничките групи, истата ја прекинала седницата согласно член 65 заради потреба од дополнителни консултации. На прашањето на член на Советотот кога ќе продолжи седницата за да се информираат членовите на Советот, претседателката не одговорила и ја прекинала седницата.
Согласно Деловникот за работа на Советот на Општина Битола, во ПОГЛАВЈЕ 6 – Прекин на седницата, јасно е дефинирано во кои случаи може да се прекине седницата. Имено, член 65 од Деловникот Претседателот на Советот ја прекинува Седницата на Советот во случај
заради немање на мнозинство потребно за работа ;
заради нарушување на редот во салата каде се одржува седницата ;
кога за тоа ќе одлучи Советот, по предлог на претседателот, по предлог на Координаторите на осветничките групи, по предлог на 5 члена на Советот или друг предлагач на актот или материјалот, или во случај на потреба од дополнителни консултации и во други случаи, кога за тоа ќе се укаже потреба.
Оттука на спорната 26 седница не е испочитуван ниту еден од условите за прекин на седницата.
Претседателката на Советот ја прекинала седницата, без да даде предлог за прекинување врз основа на кој Советот ќе одлучи, а исто така не определила ни време за продолжување на седницата.
Еден од членовите на Советот на Општина Битола, се повикува на член 56 од Деловникот за работа, за да продолжи седницата и бара мислење од одделението за координација на Советот на Општина Битола, дали истата седница може да продолжи како што предлагаат тие како советничка група, со цел истата да се заврши.
Од наодите од извршениот инспекциски надзор, од разговорите со претставниците на општина Битола и од анализата направена врз документацијата која е добиена од претставникот на Општината кој учествуваше во овој надзор, во согласност со законските надлежности, Ве известуваме дека се коснтатирани следните неправилности:
Претседателката на Советот не ги испочитувала одребите од член 65 од Деловникот за работа на Советот, за прекинување на седницата, односно истата ја прекинала седницата без да одлучи Советот и не е закажано времето за продолжување на истата.
Со Решението Државниот инспкторат и наложи на претседателката на Советот во рок од 15 дена од приемот на решението, успорените прописи да ги стави на седница на Советот на повторно разгледување. Донесените акти, кои не се спорни, да се потпишат од страна на Претседателот (првите 4 точки) на Советот и претседавачот на седницата и истите да се објавуваат во службеното гласило на општината. Објавените акти во службениот гласник на општина Битола, во законски предвидениот рок, да се доставуваат до надлежното министерство, односно до Државниот инпекторат за локална самоуправа.
По добиените информации и истечениот рок даден во диспозитивнот на ова решение инспекторите ќе извршат конролен надзор, за да се констатира дека е постапено по иснпекциската мерка, с евели во Решението на Државниот инспекторат.