Актуелниот претседател на Советот на Општината Новаци, Пецо Мицевски-Карабаш ќе му биде конкурент на престојните локлани избори за градончалник во Ниваци, на сегашниот прв човек на Општината Лазар Котевски.
Откако Пецо Мицевски не ја доби поддршката на партијата ВМРО ДПМНЕ, на која во минатиот период беше координатор тој одлучи на престојните локални избори да излезе како независен кандидат.
Пецо Мицевски во изминатиот период му беше десна рака на градоначалникот Лазар Котевски, но за претсојните избори изгледа посака да му ја преземе градоначалничката фотелја.
Инаку Лазар Котевски во изминатите три мандати со успех ја извршуваше градоначалничката функција и победите ги остваруваше во првиот круг.
Лазар Котевски најави трка за четвртиот мандат доколку ја добие довербата на партијата. Во спротивно тој изјави дека нема намера да трча како независен кандидат.
Актуелниот градоначалник Лазар Котевски ја ужива кај најгоелм број жители на Новаци и според сите анкети тој сигурно ќе го освои четвртиот мандат