
Во опуштена атмосфера, со дружење, непосредни разговори со гостите и музика, синоќа во старата битолска чаршија “Поинаку” ги презентираше своите кандидати за членови на Советот на Општина Битола, како и идеите и проектите кои сакаат да ги реализираат.
Чиста животна средина, добра инфраструктура и зголемен економски развој се приоритети на граѓаните, па затоа се и приоритети во нашата програма. Квалитетно образование, кариерни советувалишта, уредени паркови, велосипедски патеки, бројни културни манифестации, спортски сали,терени и настани, се само дел од она што е содржано во програмата која е изработена од битолчани.