Don't Miss
Home / Вести / Претставници на грчката компанија “Митилинеос” денес го посетија РЕК Битола.

Претставници на грчката компанија “Митилинеос” денес го посетија РЕК Битола.

Претставници на грчката компанија “Митилинеос” денес го посетија РЕК Битола. Со менаџментот на комбинатот разговараа за можностите за соработката, особено во делот на обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина.

Интересот на грчката компанија за соработка со РЕК Битола е од исклучително значење за АД ЕСМ заради фактот што “Митилинеос” е една од водечките грчки компании во делот на индустријата и енергетиката. Присутни се на пет континенти со портфолио во четири сегменти – енергија и гас, металургија, обновливи извори и складирање на енергија и напредни решенија за одржлив развој.“Митилинеос”, инаку, е стратешки инвестициски партнер на македонската Влада за проектот Когенеративна постројка – Скопје за производство на електрична и топлинска енергија чија вредност се предвидува на околу 211 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*