Don't Miss
Home / Вести / Презентација и панел дискусија за проектот Пахец – Чебрен

Презентација и панел дискусија за проектот Пахец – Чебрен

Здружението на енергетичари на Македонија (ЗЕМАК) денес во Стопанската комора на Северна Македонија организираше тематска панел-дискусија „Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен“. Оваа дискусија се фокусираше на изградбата на „ПАХЕЦ Чебрен“ и придобивките од овој проект за нашиот електроенергетски систем.

На панел дискусијата учествуваше Виктор Андонов, директорот за развој и инвестиции во АД ЕСМ, а дел од панелистите беа и проф. д-р Вангел Фуштиќ од ЗЕМАК и д-р Александар Дединец, виш научен соработник при Македонската академија на науките и уметностите и д-р Ристо Јаневски електро инженер од ЗЕМАК.

Во рамките на овој настан, директорот Андонов ги сподели значењето и придобивките од изградбата на реверзибилната хидроцентрала „Чебрен“ за Република Северна Македонија што нуди голема можност за балансирање на обновливите извори на енергија. Овој проект воедно ќе има огромно значење и за заштита од поплави, водоснабдување и помош за земјоделието бидејќи браната ќе биде со висина од 192 метри, ставајќи ја во редот на една од највисоките во светот. Со оглед на стремежот кон енергетска трансформација и користењето на чисти извори на електрична енергија, проектот „Чебрен“ се поставува како клучен фактор за намалување на производството од јаглен и заменување на базната енергија со електрична енергија произведена од оваа голема хидроелектрана.

Андонов посочи дека основен проект за изградба на ХЕЦ Чебрен е направен во 1963 година, а идеен проект во 1965 година и додаде дека интенцијата на сите влади досега била да се додели на странски партнер поради лесната достапност до финансии, комплексноста на проектот и стекнувањето на нови знаења.

За изградба на Чебрен и Галиште се спроведени 13 неуспешни тендери, а од 1992 година се бара приватен странски инвеститор за нивна изградба. И на првиот објавен тендер во 2006 година се бара странски инвеститор за реализација. ЕСМ

досега ниту еднаш не изработила студија за Чебрен туку се јавува како нарачател на студиите што ги изработуваат реномирани светски компании.

Со стручната поддршка и соработка со ЗЕМАК, „Чебрен“ станува реалност и ќе придонесе за дополнително развивање на зелената иднина на Република Северна Македонија. АД ЕСМ и понатаму ќе продолжи да биде дел како експертска инстанца во проектот и активно ќе го надгледува и ќе учествува во процесот на проектирање и изградба на „Чебрен“ давајќи придонес преку својата експертиза и стручност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*