Don't Miss
Home / Вести / Придобивките од проектот зајакнување на општинските совети

Придобивките од проектот зајакнување на општинските совети

Општина Битола, на 4 локации ги збогати можностите за детски креативно рекреативни активности. Во дворовите на детските градинки: „Коца Василева“, „Пролет“ и училишните дворови на ОУ Коле Канински и ОУ Свети Климент Охридски направени се детски инклузивни паркови, детски креативни игралишта, каде што децата ќе го минуваат своето време на отворен простор, преку забава, едукација, рекреација и социјализација. Покрај ваквото уредување, општината во својот возен парк неодамна обезбеди уште едно транспортно возило – минибус, наменето за лицата со попречености. Вкупната инвестиција за реализацијата на овие два проекти изнесува 2 700 000 денари.

Подобрувањето на условите и новите можности кои создаваат еднакви услови за сите граѓани, се дел од проектите „Урбана мобилност – возила прилагодени за лица со попречености“ и „Инклузивни училници и игралишта во училишта и градинки“.  Проектите произлегоа од четирите одржани Форуми во заедницата чија што тема беше социјална инклузија во општина Битола, каде како најприоритетни за реализација од проектниот фонд беа избрани наведените предлог-проекти.

Проектите се реализирани преку програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), која во соработка со национални и локални партнери го спроведува проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Проектот има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција. Притоа, истиот ги поддржува општините во постигнувањето на поголема отвореност и инклузивност, со што  се помага во градењето на јавната доверба во локалните институции.

Општина Битола е една од вкупно 24 општини, вклучени во проектот „Зајакнување на општинските совети“ преку кој се подобруваат капацитетите на општинските советници во државата, а вкупно 1.2 милиони швајцарски франци се наменети за грантови за реализација на приоритетни иницијативи во сите општини учеснички.

Денес, како дел од овој проект се одржа последната форумска сесија на која Општина Битола ги презентираше постигнатите резултатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*