Don't Miss
Home / Економија / Прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за буџетот

Прифатени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за буџетот

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година, пратениците прифатија два амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска не присуствува на расправата, а отфрлени се осум.

Прифатените амандмани се со изменет текст и се однесуваат на субвенции за печки на пелети и за ТИР-зоната во Куманово.

Според пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, прифаќањето на овие амандмани на опозицијата значи дека власта сака да биде конструктивна и да соработува со нив.

– Предложените амандмани ги делиме на добри и на лоши, а не од кого се предложени. Потребно е да се разгледат добрите предлози и за нив да се одвојат пари од предлог-буџетот – рече Митревски.

Пратениците треба да расправаат уште за 269 амандмани.

По паузата на комисијата, амандманската расправа ќе продолжи во 15.15 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*