Don't Miss
Home / Вести / Пристигна трансформаторот кој беше на поправка во Србија

Пристигна трансформаторот кој беше на поправка во Србија

Во РЕК Битола пристигна трансформаторот кој беше испратен на поправка во Србија, по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021г.

1

Постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на Термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат во своето четириесетгодишно постоење, РЕК Битола да има резервен трансформатор кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.

3

Трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола беше оштетен во пожар кој избувна заради зголемен напон кој дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК Битола, МЕПСО и експерти од Електротехничките факултети во земјава, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката Комел во Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*