Don't Miss
Home / Вести / Притвор за пироманот од Долно Оризари кој запали казино во Битола

Притвор за пироманот од Долно Оризари кој запали казино во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери – информираат од обвинителството.

По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*