Don't Miss
Home / Вести / Проблемот со учебниците не зависи само од Министерството за образование и наука

Проблемот со учебниците не зависи само од Министерството за образование и наука

  

        Проблемот за учебниците во основното и средното образование не зависи  само од Министерството  за образование и наука.Тој ќе се реши во најскоро време, кога ќе се формира Совет во чија надлежност ќе биде решавањето на овој проблем.

        Проблемот со учебници не е само во основното, туку и во средното образование.

Мислам во најбрзо време ќе се најде решение, не само за оваа, туку и за повеќе години. Советот ќе ги координира сите работи,  зашто сите работи не зависат  само од Министерството, туку  и  од Бирото за образование и други институции.

Ова го изјави министерот за образование и наука, Јетон Шакири, за време на посетата на  Унивезритетот “ Св. Климент Охридски “ во Битола, на првиот академски час.

        Според министерот во овој и следниот месец  ке завршат сите процеси  за учебници  и во Националната комисија,  како и во процесот на печатење   на учебниците за учениците од основното образование,  кои учат по новиот концепт.

        Инаку з авреме на посетата на Унивезритетот, министерот Шакири од страна на новиот ректор на Универзитетот, проф д-р Игор Неделковски беше информиран дека  во новата студиска година во Битола се запишале над  околу 1.1000 студенти, што е релативно задоволувачка бројка.

        Неделковски   го информира министерот Шакири дека во нарендиот период посебно внимание универзитетот ќе му посвети на  магистерските и докторските студии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*