Проф. д-р Николче Јанкуловски, редовен професор од Факултетот за биотехнички науки – Битола, денеска избран е за претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Постапката за избор на претседател на Сенатот ја спроведе изборна комисија, со тајно гласање, на 207. седница на Универзитетскиот сенат, на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот на УКЛО.
. Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е една година.
-Заблагодарувајќи се за едногласната поддршка, тој ја истакна определбата за координирана работа, обезбедување кохезија меѓу Универзитетскиот сенат, Управата и студентите, неопходни за јакнење на капацитетите на УКЛО, зголемување на видливоста и постигнување на целите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.