Општина Битола, во соработка со комуналните јвни претпријатија ЈП Комуналец, ЈП Водовод и КЈП Нискоградба, спроведува повеќе активности за поубава и почиста Битола. Работните активности кои почнаа минатата седмица, на денот на екологијата и со почетокот на пролетта, продолжуваат со зголемен интензитет:
– Исчистен е патот до Црквата „Свети 40 маченици“, кај месноста Кркардаш во должина од 500 метри
– Исчистена е депонија во населбата „Мал Париз“
– Подигнато е вкупно 250 м³ отпад
– Исчистени се повеќе мали депонии
– Поставени се висечки жардињери низ Широк Сокак, а денес цветно се уредува и просторот кај „Саат кулата“ и улица „Рузвелтова“
– Следуваат активности за расчистување и оплеменување на парковите и зелените површини.
Грижата за чистата животна средина и поубава Битола, мора да биде континуирана и заедничка, во постојана соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институциите и граѓаните, се вели во информацијата на локалната самоуправа.