Во рамките на одбележувањето на 8 декември, Патронатот на Битолскиот унивезритет , на пригодна свеченост беа промовирани новите доктори на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
На свеченста беа промовирани 13 нови доктори на науки и тоа: 2 доктори по образовни науки, 1 доктор на науки од областа на надареност и талентираност, 2 доктори на науки од областа на туризмот, 2 доктори на науки од областа на индустрискиот менаџмент, 1 доктор на правни науки, модул меѓународно право и политика, 1 доктор на правни науки-модул меѓународно право и политика, 1 доктор на науки од областа на информатика и компјутерска техника, 3 доктори на биотехнички науки.
Покрај раководството на УКЛО, на чинот на промоција присуствува декани од единици на УКЛО на кои се одбранети докторските трудови и најблиски членови од семејствата на новите доктори на науки.
Со најновата промоција, на Битолскиот унивезритет докторирале вкупно 425 доктори на науки.