Во присуство на голем број вљубеници на пишаниот збор, синоќа, во Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола свечено беше промовирана книгата на писателот и новинар од Австралија, д-р. Ицо Најдовски- Перин, “ Македонско австралиски народен сојуз (1948-1958)”.
На промоцијата за книгата на Најдовски зборуваа еден од рецензентите на книгата, д-р. Ѓорѓи Чакарјановски, новинарката Фиданка Танаскова и дописникот на “ Нова Македонија “ од Битола, Менде Младеновски.
Во книгата која всушност е и докторска дисертација на Ицо Најдовски- Перин се зборува за печалбарството на Македонците како и (само)организирањето на Македонците во далечната Австралија.
Инаку, Ицо Најдовски- Перин е познат македонски активист и историчар и постојан и повремен соработник на бројни македонски електронски и пишани медиуми во Македонија.
Ицо Најдовски- Перин е роден во битолско село Оптичари, а во далечната 1985 година се пресели во Австралија.
Ицо Најдовски- Перин живее и работи во Мелбурн и досега има објавено голем број научни трудови во кои главно ги третира Македонците во Австралија и нивната судбина.
Б.В.