Don't Miss
Home / Вести / Промовирана книгата на новинарот Марјан Танушевски, „Битолски хорологин“.

Промовирана книгата на новинарот Марјан Танушевски, „Битолски хорологин“.

Во Битола денеска е промовирана новата книга на новинарот Марјан Танушевски, „Битолски хорологин“.

– „Битолски хорологион“ е сончев часовник. Најстариот сончев часовник на ова поднебје, на овие простори е во нашиот град, во Хераклеа, направен во 157 година за да се мери времето. Во книгата, поместена е приказната за керамичките плочки од IV век пред нашата ера коишто исто така, се во Хераклеа, а се поврзани со светилките коишто уште оттогаш постоеле – рече Танушевски за своето дело, во кое тој ги опишува тајните на Тумбе кафе, Еврејските огништа, Офицерскиот дом, Безистенот, бројните мостови на реката Драгор и многу други интересни и нови приказни.

На промоцијата на книгата свое обраќање имаше градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

– Самата книга она што го обработува, кажува социјални, економски, културни и низа други елементи и аспекти на живеењето на пулсот на животот на градот и остава еден исклучително значаен научен белег. Се радувам што промоцијата се прави токму денес на најдолгиот ден, којшто е симбол и на она што значи долго милениумско постоење на нашиот град – рече Петровска.

За книгата „Битолски хорологион“ зборуваше промоторот м-р Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

– Во ова невреме коешто траеше отприлика петнаесетина месеци, и се надевам не повеќе, ниту една минута, како интелектуалци, во својот сегмент сме должни сите да дадеме нешто, да вратиме нешто, не прашувајќи се дали за тоа ќе ни биде вратено. Кога некогаш ќе кажеме дека нема веќе што да се истражи, можеби од тој момент почнуваме да истражуваме. Оваа книга не потсетува на тоа што ние сме должни да направиме, зошто ние треба да ја препрочитаме неколку пати. Во дваесетгодишното работење на авторот во МИА, тој ги извади и ги нанижа како мониста најубавите нешта што ги дал за Битола. Всушност е она кое сме ние и вие како граѓани на Битола, но и ние како граѓани и посетители во одредени делови. Би рекол: туристи на некој начин во Битола, да го истражиме, да го видиме, да го почувствуваме, да го допреме и да го раскажеме на еден убав наш, значаен начин – рече директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*