Don't Miss
Home / Култура / Промовирана книгата „Тероризмот и кризата на демократијата“ од авторот Љубиша Георгиевски

Промовирана книгата „Тероризмот и кризата на демократијата“ од авторот Љубиша Георгиевски

Во НУУБ Св. Климент Охридски  беше промовирана збирката на есеи „Тероризмот и кризата на демократијата“ на познатиот театарски и филмски режисер Љубиша Георгиевски.

Во препораката кон изданието, писателот и литературен критичар Бранко Цветкоски, вели дека книгата „Тероризмот и кризата на демократијата“ претставува фуриозна интелектуална расправа за позицијата на слободната личност низ историјата, во политичкиот живот, во уметноста и во одбраната на сопствената хуманистичка визија.

-Провокативен наслов, уште по провокативна содржина. Сите есеи во книгата на Георгиевски се истовремено и актуелни реплики со ретка мисловност и жестока иронија на случувањата во нашиот современ живот, при што посебна мета на критика се процесите на жестоката и неконтролирана глобализација, разгромот на традиционалните вредности, пропаста на општествените системи и валканите транзициски процеси во светот – изјави Бранко Цветкоски.

Авторот на книгата, Георгиевски, истакна дека самиот наслов на книгата го дава согледувањето на истата.

-Оваа книга третира две значајни проблематики, од една страна тероризмот како појава што ја има насекаде, а од друга страна кризата што се наоѓа во демократијата. Пишувајќи ја оваа книга, истражував кои се причините за кризата во демократијата. Тешко е да се даде порака во овој момент, меѓутоа очигледно е дека треба да се подразмисли малку со поладна глава и треба да се вратат некои фудаментални основи на демократијата како што се слободните избори итн – изјави Љубиша Георгиевски, автор на книгата.

Георгиевски е автор на уште десетина книги со драмски текстови, филозофско-политички есеи и теориски истражувања на театарската уметност.

Книгата „Тероризмот и кризата на демократијата“ ја издаде издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*