Синоќа во хотелот “ Александар палас “ во Скопје беа промовирани спортската монографија „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“ и истоимениот документарен филм, во издание на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, по повод јубилеите: 25 години од освојувањето на светската шампионска титула во борење слободен стил од БК „Бучим-Јака“, кој малиот град Радовиш со златни букви го запиша на европската и светска мапа на големите спортски велесили, 60 години од постоењето на современото борење во Радовиш и јубилеот 30 години самостојна и независна Македонија.





