Лицето Владимир Поповски, на возраст од 85 години, кој исчезна на 13 мај и два дена се водеше како исчезнат е пронајден од страна на тимот за спасување на Дирекцијата за заштита и спасување, кои во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола трагаа по него.
Дирекцијата за заштита и спасување ја извести јавноста дека Владимир Поповски лицето е пронајден паднат во провалија на местото Тумбе кафе.
Исчезнатиот Владимир Поповски е пронајден со видни повреди по целото тело, но покажуваше знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во битолската болница.
Интересно е што лицето Владимир Поповски дури денеска е пронајден иако на тој дел од Тумбе кафе каде што тој се движел постојано има голем број битолчани кои рекреираат и пешачат, но кои не го забележале него.