Фонтаната на “Магнолија “ кај споменикот на Филип Втори во Битола по неколкудневен “ одмор “ повторно проработи.
Деновиве од фонтаната повторно можат да се видат силни млазеви вода кои ја освежуваат околината кај споменикот.
Повторното пуштање во работа на Фонтаната во голема мера ги израдува битолчани, особено повозрасните, кои на тој дел од плоштадот, околу фонтаната се одмораат и ги водат вообичаените муабети.
Инаку засега локалните власти сеуште не интервенираат да ги санираат оштетувањата на споменикот на Филип Втори ,кој на неколку места е доста оштетен и буквално се распаѓа.