Со врачување на наградите на најуспешните во периодот од една година, како и обраќање на градоначалникот на Могила, Стево Пивковски, Oпштината Могила синоќа го одбележа својот јубилеј 18 години од формирањето.
Од вчера општината Могила влезе во своето полнолетство, нагласи Стево Пивковски, кој пред присутните ги наброја успесите на општината меѓу двата родендени, како и плановите за развој во наредниот период.
Инаку по повод одбележувањето на роденденот на Могила во Општината се одржа свечена седница на Советот, беше промовирана книгата на мајка Захарија Шумљанска, а се одржаа и неколку спортски натпревари во мал фудбал и шах.
Општината Могила е формирана со Законот за територијална поделба во 2005 година и тогаш кон неа се приклучија општината Добрушево, како и други 23 населени места.
Б.В.