Don't Miss
Home / Вести / Протест против полициската бруталност

Протест против полициската бруталност

                  

          Извикувајќи пароли “ Нема правда- нема мир“ и “ Правда за Ромите “ денеска во Битола на протест излегоа неколку Ромски невладини организации и здруженија.

          На протестот, кој започна  кај Поштата, на местото каде беа брутално претепани од полициски службении неколку Роми, кои во алхохолизирана состојба предизвикаа сообраќајна несреќа, кај Ромите движејки се по Широк Сокак па се до СВР Битола го искажаа своето незадоволство од односот на полицијата кон нив и побараа драстични казни за полицајците кои применија непримерна сила против неколкутемина Роми.

          Беше речено дека Битола како град познат во светот по неговата дипломатија, по културата,  меѓутоа и град за жал каде што најповеќе дискриминацијата ја чувствуваат од сите градови во нашата земја.

Исто така беше кажано дека овој протест нема ниту политичка, ниту верска основа и националана омраза и дека ова не е протест против целата полиција, туку дека се  решиле  на ваков протест за во иднина да не се случуваат вакви инциенти.

          За среда во Битола е закажан контра протест на полициските службеници кои бараат да се повлечат кривичните пријави против нивните колеги и да се укинат суспензиите.

Инаку по објавувањето на снимката на социјалните мрежи на која се  гелда како полицијаците во Битола со клоци и пендарци ги тепаат Ромите кои учествуваа во сообраќајната несреќа, односот на полицијаците наиде на остра осуда.

Против еден од полицајците е поднесена  кривична пријава и суспензија за полицаецот, а суспендиран е и уште двајца  полицајци кои беа присутни за време на инцидент, но не го спречија насилството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*