Don't Miss
Home / Вести / Психологот Марија Младеновска – Димитровска на светскиот форум на Универзитетот Ломоносов во Москва

Психологот Марија Младеновска – Димитровска на светскиот форум на Универзитетот Ломоносов во Москва

Психологот на СОУ “Таки Даскало“ од Битола, Марија Младеновска Димитровска, магистер на клиничка и советодавна психологија постигна уште еден голем меѓународен успех.

Димитровска  од 1 до 2 јуни учествуваше на Интернационалниот психолошки форум “Детето во дигиталниот свет“ , кој се одржа во Москва, Русија. Форумот се одржа во организација на Психолошкиот институт на Руската академија за наука, во соработка со Факултетот за психологија при Државниот московски универзитет Ломоносов и Руското психолошко друштво, со поддршка на Меѓународната асоцијација на психолошката наука и Европската федерација на психолошки асоцијации.

Марија Младеновска-Димитровска беше единствен учесник од Македонија, на овој Интернационален форум, на кој зедоа учество 20.000 учесници од 90 земји од светот и кој, заради пандемијата со ковид – 19, се одржа онлајн во Москва.

Инаку, Младеновска-Димитровска и претходно учествувала со свои научни трудови на бројни меѓународни научни конференции и конгреси во земјава и странство, од кои еден од најпрестижните е 16-тиот европски конгрес на психолози, кој се одржа на Државниот московски универзитет Ломоносов во Москва во 2019 година, каде учествуваше како единствен претставник од Република Македонија со свој научен труд, а за чие учество и претставување на Битола и Македонија го доби и највисокото општинско признание на Општина Битола за 2019 година, наградата “4 Ноември“.

На Интернационалниот форум “Детето во дигиталниот свет“, на кој бројни светски реномирани научници од целиот свет, ги презентираа своите научни достигнувања и истражувања во психолошката наука, се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат децата во новата дигитална ера, се анализираа актуелните трендови во трансформацијата на психогијата на детето предизвикана од напредокот на дигиталните технологии, за примената на дигиталните алатки, за идентификација на најефективните методи за спречување на дигиталните ризици за менталниот развој на младите генерации и нивната благостојба, се разменија научни искуства за безбедно користење на дигиталните технологии, виртуелната реалност и системите за вештачка интелигенција, за трансформација и за развојот на образованието во дигиталната ера.

Форумот се одржа на три јазици руски, англиски и шпански. Форумот го отвори професорот Јури Зинченко, директор на Психолошкиот институт на Руската академија на наука, декан на Факултетот за психологија при Ломоносов московскиот државен универзитет и претседател на Руското психолошко друштво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*