Don't Miss
Home / Вести / Раде Христовски избран за Гувернер на Ротари Дистрикт 2022/2023 на сите ротари клубови од Северна Македонија и Словенија

Раде Христовски избран за Гувернер на Ротари Дистрикт 2022/2023 на сите ротари клубови од Северна Македонија и Словенија


На 4 јуни 2022 година, во Блед, Република Словенија се одржа годишната конференција на Ротари Дистриктот 1912, каде на идниот гувернер Раде Христовски му беше врачена инсигнијата како симбол за извршување на гувернерската функција за ротаријанската 2022/2023 година од страна на досегашниот гувернер на Дистриктот Душан Петерковиќ. На настанот присуствуваа голем број ротаријанци и пријатели на ротари движењето.



Христовски, на овој традиционален настан ја искажа својата благодарност, но и уверување дека во предвидената година ќе продолжи со интензивирање на континуираните остварувања на целите на ротаријанството на овие простори како гувернер на сите ротари клубови во Северна Македонија и Словенија. Пред присутните, тој истакна дека оваа позиција е многу респектибилна и одговорна функција во ротаријанските кругови и во рамките на Ротари Интернационал.

 
„За нас Македонците се оствари еден долгогодишен стремеж и желба да се има свој Дистрикт и свој Гувернер. Додека желбата за Дистрикт се оствари во 2016 година, кога македонските ротари клубови се здружија со словенските, изборот за гувернерската функција врз основа на избор на Номинацискиот Комитет во Дистриктот, го добивме уште во 2019/2020 година, а за мандат во ротаријанската 2022/2023 година во периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. Честа е голема, но исто така и одговорноста“, рече Христовски.


Гувернерот Христовски додаде дека Ротари Интернационал е една од најреспектибилните сервисни организации на светско ниво и организација на лидери во својата професија која помага на заедницата локално и глобално, а добивањето на позицијата Гувернер на Дистрикт од Македонија треба да претставува признание и гордост за секој граѓанин во земјава.


Во моментов, во Дистрикт 1912 Северна Македонија и Словенија дејствуваат вкупно 78 Ротари клубови и 26 Ротаракт клубови за млади ротари од 18 до 30 години, односно повеќе од 1800 членови заедно.


Првиот Ротари клуб е основан во 1905 година кога четворица пријатели се сретнале во Чикаго за да разговараат за тоа како би можеле да работат заедно за да и помогнат на пошироката заедница. Оттогаш, Ротари се зголеми на меѓународно ниво на повеќе од 1,2 милиони членови во 200 земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*