Радмила Шекеринска останува заменик претседател на партијта и најблизок соработник на Заев.
Ова е одлучено на 22 конгрес на СДСМ.
На Конгресот беше избран Централен и Надзорен одбор, а во текот на наредната недела ќе бидат избрани и четворица потпретседатели.
Составот на новата Влада ќе се соопшти во понеделник
На тајното гласање Заев и Шеќеринска беа избрани со огромно мнозинство од делегатите присутни во салата.
На денешниот Конгрес беа избрани и новите членови на Централниот и Надзорниот одбор. Централниот одбор брои 116 члена додека Надзорниот девет.
Според Статутот на партијата, треба да се изберат и четворица потпретседатели и Извршен одбор. Тоа ќе се случи во текот на идната недела откако преговорите за новата влада ќе завршат.
Четворицата поптретседатели и членовите на Извршниот одбор ги предлага претседателот на партијата. Тие се од редовите на Централниот одбор. Предлозите ќе бидат соопштени во текот на идната недела.