Don't Miss
Home / Вести / Расте бројот на здравствени работници позитивни на Ковид 19

Расте бројот на здравствени работници позитивни на Ковид 19

       

Дел од општинскиот кризен штаб, денес преку електронски пат, одржа седница со цел да се увиди моменталната состојба со Ковид 19 на територијата на Општина Битола.

Директорките на здравствените установи потенцираа дека бројот на лица позитивни на вирусот постојано расте, а се шири и меѓу здравствените работници. Медицинскиот персонал е веќе на работ на можностите, а и меѓу нив се зголемува бројот на лица кои се во изолација и не можат да дадат придонес на работните места.

Се дискутираше и за можноста да се дадат одредени насоки за поголема поддршка и побрза реакција во периодот кој што следува.

Општинскиот кризен штаб како заклучок наведе дека ќе испрати барање до Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, да се даде препорака до Владата за воведување построги рестриктивни мерки во работењето на субјектите, во кои што има поголема фреквенција на движење и престој на граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*