Владата ги разгледала сите 78 илјади приговори од оние кои се пожалиле дека на своите сметки не ја добиле ветената сума. Сите ќе добијат одговор на е-маил адресата од која аплицирале, а се ажурираат и списоците на веб страницата “купувамдомашно.гов.мк”, велат од Влада.
За до крајот на годината парите да ги добијат сите на кои им следуваат, упатија повик до банките за толеранција кон граѓаните.
Владиниот портпарол Душко Арсовски е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите.
Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.