Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Бојан Стефановски во рамките на реализација на партнерскиот состанок на ЕРАЗМУС + Проект PROUD I кој што се одржа во библиотеката во период од 04.08 до 09.08.2021 год, се сретна со директорката на библиотеката „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац Р. Србија – Јасмина Иванковиќ.
На оваа средба беше разговарано за потпишување на меморандум за соработка на двете институции.
Поле за соработка во иднина ќе вклучува размена на библиотечниот материјал, реализација на заеднички проекти, размена на библиотекари, дигитализација на библиотечниот материјал, организација на тематски изложби и промоции на повеќе писатели од двете држави, како и реализација на значаен регионален проект за хоритикултурни библиотеки. Во рамките на овој иновативен проект кој што во последните неколку години обединува повеќе држави, битолската библиотека со своите програми ќе организира и поттикнува развој на еколошката свест преку содржини од областа на хортикултурата, како и поврзување на стопанскиот сектор и промовирање на идејата за рекултивирање на земјените површини во Рударско енергетскиот комбинат, по пример на Рудник Колубара од Р. Србија. Библиотеките се сретнуваат со слични проблеми во реализација на програмите со појава на пандемијата, така што една од темите се однесуваше на реорганизација на работењето на библиотеките во овие услови.