Друштвото на филмските работници на Македонија на вчерашното собрание не го прифати извештајот за минатогодишното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ и, поради програмски несогласувања во однос на насоките во кои треба да се движи фестивалот, од функцијата е разрешен директор Димитар Николов – Таки, стои во соопштението на Друштвото на филмските работници.
Согласно Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија, во наредниот период ќе биде распишан конкурс на кој ќе биде избран нов директор на фестивалот.