Don't Miss
Home / Вести / Ребаланс за организирање на он лајн настава во Битола

Ребаланс за организирање на он лајн настава во Битола

                      

            Општината Битола со  ребаланс на  општинскиот буџет ќе издвои средства за поддршка на онлајн наставата.

            Ова го нагласува градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на средбата со министерката за образование Мила Царовска во Скопје, исткна дека Општина Битола во рамките на ребалансот на Буџетот  издвои  средства кои што ќе бидат обезбедени директно од Буцетот на Општина Битола за поддршка на техника која што на некој начин би значела сериозна поддршка на онлајн наставата, онаму каде што ќе биде потребно.

-Јасно да ни биде на сите дури и таму каде што ќе имаме физичко присуство, мора да имаме во позадина бекап варјанта на техничка поддршка, бидејќи постои потенцијалана опасност да некаде се јави заболен ученик кој што останатите би ги довел во ситуација на изолација, така да мора да имаме варјанта која не би значела прекин во образовниот процес. Јасно е дека ова е прашање кое што е непредвидливо, меѓутоа ние треба да ги имаме подготвено сите варијанти за да не настани посериозен прекин на наставата. Ценам дека со вака отворен пристап од страна на Министерството, на локаланата самоуправа, на наставниот кадар и на родителите дека сите заедно можиме поедноставно да го пребродиме овај критичен период,“ рече градоначалничката Наташа Петровска.

Инаку добар дел од наставниците и директорите во образовните установи  во Битола, каде ќе се организира он лајн настава се жалат дека немаат компјутери, или лаб топови за организирање на ваков вид настава.

Тие велат дека не можат со нивни приватни лаб топови да организраат таков вид настава и затоа бараат Општината Битола да ги опреми со компјутери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*