Денес, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски, ја одржаа првата координација во Новата 2025 година со раководствата на јавните општински претпријатија и установи.
„Општина Битола заедно со јавните претпријатија и установите во надлежност на општината, продолжува посветено, со координирани активности да работи на реализација на најголемиот приоритет – потребите и барањата на граѓаните, се со цел поубава Битола за сите граѓани-стои во информацијата на Битолската локална самоуправа.